Голманот Симиќ имаше 15 одбрани, постигна и два гола, но Црна Гора не дојде во неизвесна завршница за да направи изненадување. Само во првата половина од мечот беше во предност, по што Шпанија ја презеде иницијативата и дојде до плус четири, а потоа во вториот дел ја одржуваше разликата.
Одриозола постигна шест голови, Фернандез пет, а братскиот тандем Душебаев заедно седум за Шпанија, Бранко Вујовиќ со седум беше најефикасен кај Црна Гора.
Европскиот првак Шведска го победи Бразил по тешка битка, на полувреме успеаа да заминат со плус два (11-9). Во вториот дел успеа да го скрши отпорот на Бразилците со серија 5-0 за 21-14 и победата од 26-18.
Готфридсон даде шест гола како предводник на Швеѓаните, а Сандел погоди трипати, додека кај Бразил, Родригес беше најефикасен со четири.
Исланд ја победи незгодната Португалија, па дури во финишот „рибарите“ стигнаа до победа со 30-26
Исланѓаните во најголем дел водеа, Португалија успеваше да се врати во егал, со 3-0 серија ја стопи предноста на Исланѓаните за 22-22, но во самиот финиш не издржа. Исланд направи серија од 3-0 и влезе во мирна завршница и до победа.
Елисон со девет и Магнусон со седум беа предводници во триумфот на Исланд, а Портерла даде осум кај Португалија.