Далас водеше во најголемиот дел од мечот, но малку фалеше да загуби од Лејкерс. Дончиќ со тројка го израмни резултатот на 101:101 и го однесе натпреварот во продолжение. Далас беше подобар и на крајот дојде до триумф од 119-115.
Дончиќ беше најдобар на теренот со 35 поени, 14 скокови и 13 асистенции. Во составот на Лејкерс Вестбрук постигна 28 поени, Леброн Џејмс имаше 24 поени и 16 скокови.

 

Резултати:
Филаделфија – Оклахома 114:133
Бруклин – Бостон 98:109
Мајами – Милвоки 108:102
Торонто – Шарлот 124:114
ЛА Лејкерс – Далас 115:119
Портланд – Кливленд 113:119