Лидерот во шпанска Примера, Барселона, на најдобар можен начин го искористи поразот на Реал Мадрид. Каталонците славеа со 3-0 на „Камп Ноу“ против Севилја и ја зголемија предноста на врвот на големи осум бода.

Севилја играше тотален бункер, добро се држеше речиси еден час, а потоа Жорди Алба го проби бедемот на гостите по одличното проигрување од Кеси.

Гави во 70.минута зголеми на 2-0 на  асистенција на Рафиња.

Убедливиот триумф го запечати Рафиња девет минути подоцна, асистент беше капитенот Алба.

Четата на Чави беше доминантна во текот на целиот натпревар

Барселона не ги искористи шансите во првото полувреме, но затоа во вториот дел погоди дури трипати.

Барселона има 53 бодови и цврсто го држи лидерското место, има осум бодови повеќе од Реал Мадрид, додека Севилја има 21 бод на 16. место во Ла Лига.

Барселона во следното коло му гостува на Вилјареал, додека Севилја која невообичаено се наоѓа во долниот дел од табелата, ќе ја пречека Мајорка.