Лацио ја оствари 11. победа во Серија А оваа сезона откако ја совлада Фиорентина на гости убедливо со 0-3. Со тоа ги задржа шансите да се бори и за пласман во Лигата на шампионите до крајот на сезоната.

Сергеј Милинковиќ Савиќ на почетокот на второто полувреме го отвори резултатот, а Чиро Имобиле зголеми на 0-2. Домаќинот преку Бираги си постигна и автогол и тоа беше крај на надежите дека може евентуално да стигне до бодови од овој дуел.