Тинејџерот од Пиринеите, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со триумфот во вечерашното финале против Каспер Руд (7-5, 6-4) стана најмладиот победник на турнирот во Мајами, каде што со 18 години и 11 месеци стигна до првата титула од серијата 1.000.
Тој воедно стана и трет најмлад во историјата што победил на еден мастерс, најавувајќи светла иднина и загрозување на рекордите на големите Ѓоковиќ, Надал и Федерер.
Тој за нецели два часа го совлада шестиот носител од Норвешка, иако мечот го почна со брејк за противникот, но на крајот дојде до величествен триумф и прва Мастерс титула.