Турскиот Фенербахче ја оствари првата победа во ЛЕ, откако на домашен терен ја победи екипата на белгискиот Унион Сент Жилоа со 2-1.
Гостите од Белгија одлично го отворија мечот, упатија пет удари кон голот на Фенербахче, па само чудо го спаси тимот на Жозе Мурињо од рана негатива. Турците малку се созедоа, заигра постабилно средниот ред, а резултат на тоа беше голот на Чаглар Сојунџу во 26. минута, кој го постигна својот прв гол во европските натпреварувања. Домаќините ја задржаа минималната предност на полувремето.
Вториот дел донесе поофанзивна игра на гостите, но следуваше шок кога Кевин Мек Алистер заработи директен црвен картон во 74. минута. Фенербахче ја искористи бројчаната предност и успеа да ја потврди победата со уште еден гол во мрежата на Белгијанците.
Кристијан Бургес си постигна авто-гол во 82. минута, по што веќе беше јасно дека Фенербахче ги освојува првите три бода. Гостите во самиот финиш успеаја да постигнат почесен гол. Најпрво Фрањо Ивановиќ промаши удар од единаесет метри, но потоа Рос Сикес успеа да го совлада Ливаковиќ и ги постави конечните 2-1 во 94. минута. И домашниот состав на крајот остана со играч помалку, откако втор жолт картон заработи Нигериецот Брајт Осаи-Самуел.
Шкотскиот Глазгов Ренџерс без премногу проблеми успеа да слави со 0-2 на гости кај шведскиот Малме и ја остварија првата победа во ова натпреварување.