Фудбалерите на Рома убедливо славеа на гостувањето во Бергамо против Аталанта со 1:4 во натпреварот од 18. коло на Серија А.

Избраниците на Жозе Мурињо беа во водство по неполна минута кога Тејми Абрахам најпрвин брилијантно се проби, а потоа откако топката се одби од него имаше среќа да постигне гол.

Заниоло удвои во 27 минута по одлично изигран контранапад, а потоа среќата се сврте кон домашните кога во надополнувањето на првото полувреме топката по ударот на Луис Муриел се одби од дефанзивецот на Рома и го измами голманот.

Избраниците на Гасперини не успеаја да го искористат тоа и да направат пресврт во продолжението од играта. Напротив, до крајот примија уште два гола.

Крис Смолинг беше стрелец во 72. минута, а осум минути подоцна Абрахам го постигна вториот гол.

Аталанта моментално е трета со 37 бодови, шест помалку од водечкиот Интер , додека Рома не е на петтата позиција со 31 бод.

https://www.youtube.com/watch?v=NvX1ExvQFNE