Македонскиот фудбалски интернационалец Андреј Тодороски кој настапува за екипата на Спартак од Суботица, продолжува со одличните игри во првата српска лига.

Офанзивниот играч беше клучен актер во големиот триумф од 2-1 на Спартак на гости кај Чукарички. Домаќинот одлично старуваше во натпреварот и рано дојде во водство. Меѓутоа на сцена стапи нашиот Тодороски кој прво во 15 минута одлично се снајде и ја погоди противничката мрежа за изедначување 1-1.

Во вториот дел, во 59 минута Тодороски со одлична асистенција го проигра Убипарип кој погоди за пресврт, и победа а воедно освојување на трите бода.

Македонецот досега има постигнато 5 гола и 4 асистенции на 16 натпревари во српската прва лига.