Унион Берлин со фантастичен финиш стигна до триумф (2-1) против Борусија Менхенгладбах и го задржа врвот во Бундес-лигата и по ова коло. Гостите имаа водство по првиот дел со голот на Нико Елведи во 33.минута, но Унион Берлин направи комплетен пресврт во второто полувреме.
Кевин Беренс во 79.минута го израмни резултатот, а триумфот го донесе холандскиот интернационалец Данило Диели во 97.минута од дуелот, и тој е херојот на берлинците.