Аталанта ја надмина кризата и им се врати на победите во Серија А. Екипата од Бергамо славеше на гости против Емполи со 0-2.
Хатебур го доведе составот на Аталанта во водство во 32.минута, а Копмајнерс пред крајот на првиот дел не искористи пенал. Сепак, Адемола Лукман го завери триумфот со втор погодок во 59.минута од дуелот.