Ова е огромна сензација ако се знае дека „црвените“ одлично стартуваа во Премиер лигата и не само што беа со максимален ефект, туку немаа ниеден примен гол. И денеска го диктираа темпото, имаа 72% посед на топка, но сето тоа беше јалово и без голем притисок во гостинскиот шеснаесетник. Моментот на одлука се случи во 72. минута кога во еден од ретките излети на противничката половина, Хадсон Одои со прекрасен удар го совлада Алисон.
Ливерпул доживеа пораз на домашен терен, прв под водство на Арне Слот.