Дербито меѓу Виљареал и Валенсија им припадна на домаќините. „Жолтата подморница“ славеше со 2-1 (1-0) против тимот на Џенаро Гатузо, иако „лилјаците“ први поведоа со голот на ветеранот Единсон Кавани. Во последните мигови на првиот дел Самуел Чуквуедзе погоди за израмнување. Трите бода за екипата на Виљареал ги донесе Аргентинецот Хуан Фојт со гол во 89. минута.
  • Виљареал – Валенсија 2-1: 

Со оваа победа Виљареал се искачи на седмото место со 24 бода, а Валенсија остана десетта со 19 бода.

На средината од следната недела сите шпански клубови ќе бидат инволвирани во втората рунда од Купот на Кралот, а од ова коло ќе се вклучат и најдобрите клубови од Примера.

Напаѓачот на Вилјареал, Жерард Морено е творецот на најневеројатното промашување во шпанското првенство за оваа година. На дуелот против Валенсија, домаќините имаа стоостотна шанса уште во првата минута од средбата.

Морено доби топка од страна и непречен од никого, од само неколку метри успеа да го промаши празниот гол.

Сосиедад со 2:0 ја победи Осасуна. Головите ги постигнаа Мендез (22 минута) и Сорлот (64 минута).

 

Во денешниот термин Барселона и Еспањол одиграа 1:1.