Шампионот на Србија и на АБА славеше како гостин со 80-77 и покрај тоа што три четвртини бркаше негатива, а во третиот период заостануваше дури 13 поени зад домашниот тим. Недовиќ и Калиниќ постигнаа неколку тројки, па Звезда успеа да направи пресврт и да дојде до исклучително важна победа на стартот на новата сезона, остварена без Милош Теодосиќ кој поради суспензија го пропушти овојдуел.
Шортс на теренот помина речиси 28 минути и за тој период постигна 16 поени, 4 асистенции, 3 скока и 3 украдени топки за индекс 21, заедно со Калиниќ највисок на натпреварот. Својата прва победа Париз ќе ја брка во второто коло кога гостува кај Олимпија Милано што ќе биде директен дуел на македонските репрезентативци Шортс и Димитријевиќ.