Диого Жота по само девет минути го пронајде патот до мрежата на Дин Хендерсон и донесе водство, а Кристал Палас се обиде неколку пати да го возврати ударот, меѓутоа не успеа.
Проблемите за „црвените“ почнаа во 79. минута кога се повреди Алисон, па на негово место мораше да влезе Витеслав Јарош, кој сепак успеа да ја зачува мрежата до крајот на дуелот.
Ливерпул со оваа победа стигна до 18 бодови и ја зголеми предноста на четири бода пред Манчестер сити и Арсенал.