Во Скопје, македонската ракометна селекција славеше со 30-22 над селекцијата на Романија, а освен фантастичниот Талески, Кузмановски беше еден од најдобрите на паркетот. Членот на Хановер одлично го отвори натпреварот, а во самиот финиш со две атракции ја демотивираше Романија. Прво стрелаше на мајсторски начин од контра напад, а потоа преку цепелин, на асистенција на Лазаров.
Кузмановски натпреварот го заврши со седум постигнати гола, колку што имаше и Лазаров, додека прв стрелец кај Македонија беше Талески со десет погодоци.