Ориги во последните години беше во втор план кај Јирген Клоп, иако имаше значајна улога во освојувањето на Лигата на шампионите пред две и пол години, кога постигна важни голови против Барселона и против Тотенхем.
Ориги двапати беше на позајмица од Ливерпул. Прво во Лил, веќе во првата сезона по пристигнувањето на „Енфилд“, а потоа и во Волфсбург. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната.
Месут Озил од Арсенал минатиот јануари се пресели во Фенербахче, а ова би бил нов голем трансфер од Премиер – лигата во Турција