Германскиот шампион Баерн Минхен немаше милост и го истури сиот бес кон Маинц, победувајќи со фантастични 8-1, Хари Кејн повторно беше во центарот на вниманието, три од погодоците беа негово дело.
Некои сметаа дека победата над Лацио во Лигата на шампионите може да биде најава за подобра завршница на Баерн Минхен во сезоната, ако се суди според денешниот дуел со Маинц, а токму тоа се случува.
Баерн Минхен денеска одигра брилијантен натпревар и го совлада Маинц со 8-1.
Три од погодоците беа дело на Хари Кејн, два постигна Горецка, по еден реализираа Милер, Мусиала и Гнабри.
Но и покрај убедливиот триумф, сепак предноста на Баер Леверкузен е премногу висока, за Баварците да можат да се надеваат на трофејот од Бундеслигата.
Елмас беше стартер во победата на Лајпциг над Дармштад од 2-0, го одигра првото полувреме.
Менхенгладбах и Келн одиграа нерешено 3-3, а Аугсбруг со 1-0 го совлада Хајденхајм.