Реал Мадрид втор пат оваа сезона не успеа да слави на „Сантијаго Бернабеу“ во Ла Лига, откако денеска Жирона освои бод (1-1) во 12. коло од шпанското првенство.
Двата гола на натпреварот беа постигнати во второто полувреме, а прв во листата на стрелци се запиша Бразилецот Винисиус Жуниор кој доби одлично додавање од Федерико Валверде во 70. минута.
Радоста на „кралевите“ траеше само 10 минути бидејќи Марко Асенсио играше со рака во казнениот простор, па пеналот го реализираше Кристијан Стуани за 1-1.
Родриго погоди во завршницата од дуелот, но голот му беше поништен затоа што ја шутнал топката во момент кога голманот се обидуваше да ја прифати, по што исклучен од игра беше Тони Крос поради втор жолт картон.
Актуелниот шпански и европски првак со 32 бода останува на лидерското место во Ла Лига, по што следи Барселона со 31, а зад нив се Атлетико Мадрид со 23 и Реал Сосиедад со 22 поени.