Тимот на Барселона никако да влезе во победнички ритам, овојпат не успеа да ја освои баскиската тврдина Сан Мамеш. Натпреварот против Атлетик Билбао го заврши без голови, а тимот на Чави Хернандез пропушти шанса да се искачи и на втората позиција на табелата, со оглед дека Џирона претходно загуби од Мајорка со 1-0.
Сега каталонскиот тим е третопласиран со 58 бода, еден помалку од Џирона и осум негатива во однос на лидерот Реал Мадрид.
Жоао Кансело се закани со удар од далечина во првиот дел, а потоа возврати Ињаки Вилијамс од Атлетик Билбао. Но, мрежите останаа да мируваат до крајот.
Барселона нема по добро да го памети натпреварот затоа што во првото полувреме се повредија Френки Де Јонг и Педри, а колку ќе паузираат ќе биде познато по медицинските прегледи.
Натпреварот не изобилуваше со многу шанси. За Барселона солиден обид имаше Жоао Кансело, додека на спротивната страна се обиде Дени Гарсија. Од ова реми дефинитивно позадоволни ќе бидат во Билбао отколку во Барселона.