Англискиот премиерлгаш Тотенхем е блиску до ангажман на шпанскиот репрезентативец Адама Траоре. Вулверхемптон наводно се согласил на понудата на Тотенхем од 28 милиони евра.

Трансферот за кој се зборува веќе подолг период е пред финализирање. Раководството на „волците“ наводно му дозволило на играчот да преговара за неговите услови за заминување 18 месеци пред истекот на договорот.

Се очекува до крајот на викендот трансферот на Адама Траоре во Тотенхем да биде комплетиран.