Валенсија, која во последниве години е само просечен клуб со многу финансиски проблеми ќе остане за новата сезона без својот најдобар фудбалер, Португалецот Гонсало Гуедеш, потврди тренерот Џенаро Гатузо.
Како што посочил Гатузо за шпанските медиуми, за Гуедеш има многу сериозна понуда од Премиерлигата, но не го објави клубот кој е заинтересиран и кој се очекува наскоро да се договори со „љиљаците“ за трансферот.
„Раководството ми кажа дека имаат многу голема понуда за Гуедеш од клуб од Премиерлигата“, рече Гатузо.
Португалецот не е повеќе во плановите на Гатузо, зашто се очекува да се комплетира трансферот. Според најавите, Арсенал е клубот кој ќе го ангажира португалскиот офанзивец и некогашен огромен светски талент за 40 милиони евра. Тој ќе потпише четиригодишен договор.