Tимот од Фиренца победи во Болоња со 3:2 (1:1).

„Виолетовите“ не знаат за пораз од Болоња од 2012 година.

На полувремето резултатот бепе нерешен 1:1 за Фиорентина да стисне на педалата за газ и да поведе со 1:3. До крајот Хики среќно погоди за тимот на Синиша Михајловиќ, но домаќинот не успеа да стигне до ремито.

Гостите заслужено славеа.

Повторно погоди српскиот интернационалец Душан Влаховиќ. Тој постигна гол за 1:3, во 67. минута од пенал. Ова е негов 13-ти гол во Серија А оваа сезона.