Бенфика се покажа како незгоден противник за Баварците, но не успеа да освои ниту еден бод.

ВАР -от му поишти на Баерн два гола, најпрво во 43 -та минута за игра со рака, а потоа во 52 -та минута за офсајд, но Лерој Сане постигна еврогол од слободен удар во 70 -та минута за да го скрши отпорот од домаќините.

Автоголот на Евертон во 80. минута и головите на Левандовски во 82. и Сане во 85.минута оставија впечаток дека Баерн победи полесно отколку што навистина е.

Со оваа победа Баерн има три победи и е осамен на чело на табелата.