Топчиите ги освоија планираните три бода против Барнли откако остварија сигурна победа.
Тросар во судиското продолжение од првото полувреме постигна гол за водство на Арсенал од 1-0, но по девет минути игра во вториот Браунхил успеа да го изедначи резултот.
Потребни беа само три минути за Салиба да ја врати предноста на Арсенал, а Зинченко во 74. минута ги постави конечните 3-1.
Арсенал се израмни на врвот на табелата со Манчестер Сити кој утре ќе му гостува на Челзи.
Тимот на Манчестер јунајтед со голот на Линделоф во 59. минута дојде до минимална победа но големи три бода во дуелот против Лутон.
Не беше се така добро за црвените ѓаволи, на мечот се повредија Ериксен и Хојлунд.
Најмногу голови имаше во Лондон каде Евертон со 3-2 го победи Кристал Палас, Миколенко, Докуре и Геје беа стрелци на головите за гостите.