Битолски Пелистер ја запиша 15 победа во Првата лига оваа сезона, но овој пат многу повеќе се намачи. На домашен терен против Еуро Никел имаше минус 17 поени разлика, најде начин како да се врати и на крајот славеше со 93:84.
Битолчани се вратија на лидерското место на табелата пред актуелниот првак МЗТ Скопје. Кавадарчани го одиграа најдоброто прво полувреме оваа сезона против ривалите од горниот дел од табелата, поведоа со плус оусм (4-12), позитива со која ја завршија првата четвртина (24-32). На другата страна избраниците на Марјан Илиевски делуваа изгубено, па гостите за кратко време дојдоа на плус 15 (24-29).
Битолскиот состав немаше решение во овој дел за нападот на Еуро Никел, сите обиди завршуваа без поголем успех. Кавадарчани лесно го наоѓаат патот до кошот, единствено што Пелистер успеа да стори во сето сивило е да намали под десет на полувремето (44-51).
Во првите шест минути расположените гости отворија со серија од 4-13 за 48-65. И покрај големата негатива, Пелистер некако успеа да се издигне, предводен од Малешевиќ и Кесар, врати со 17-0 и поведе со 73-71 на стартот на последната четвртина. Проработе и Стајиќ, влезе во серија, па Пелистер поведе со 83-75.
Малешевиќ блескаше со 26 поени во составот на Пелистер, додека кај кавадарчани одлична пратија имаа Калахан со 19 и Џекиќ со 14 поени.