Нема да има прекин или пауза на натпреварите во најсилната англиска конкуренција, Премиер лигата.
Коронавирусот или поточно новатата варијанта на истиот (Омикрон) направи големи проблеми и мораа да се откажуваат натпреварите, но без разлика на се нема да има пауза околу божиќниот фудбалски фестивал и ќе се играат 19 и 20 рунда по предвидениот распоред.
Клубовите биле советувани дека ако имаат 13 фит играчи, плус голман, треба едноставно да се појават и играат.
Воедно постои голема можност битките од 3 и 4 рунда во ФА Купот да бидат со еден меч, односно да нема повторување ако биде нерешено.
Исто е бараи полуфиналето на Лига Купот да биде со по еден меч, па останува да се види што ќе биде решено.