Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо доби статуа во сојузната држава Гоа која требаше да биде мотивација за младите луѓе да ги следат стапките на легендарниот фудбалер, меѓутоа тоа предизвика негативни реакции.
Министерот на владата на Гоа, Мајкл Лобо на Твитер објави дека намерата му била да се промовира фудбалот во државата, но локалното население не е среќно поради статуата од 400 кг и реши да протестира со црни знамиња
Луѓето не се среќни поради одлуката да му се оддаде почит на португалски фудбалер и го разбрале тоа како провокација и навреда затоа што Гоа во минатото беше португалска колонија.