Чави Ернандез, новиот тренер на Барселона, сака да го доведе Алваро Мората во јануарскиот преоден рок, тврди мадридска Марка.
За да се оствари трансферот на шпанскиот напаѓач треба да постигнат договор од три клуба. Атлетико, кој има договор со Мората; Јувентус, во кој Мората игра како позајмен; и Барселона, која сака да го донесе. Мората минатата година отиде на двегодишна позајмица во Јувентус, а италијанскиот клуб за тоа плати 20 милиони евра.
„Јувентус е во економска и спортска криза и можно е да се ослободи од Морате. Посебно што Аркадиуш Милик и Мауро Икарди се споменуваат како нови напаѓачи на клубот од Торино“, пишува мадридскиот весник и додава дека на Атлетико му биле потребни пари и за да и плати обештетување на Барселона за Антоан Гризман. Мората наводно нема ништо против да се пресели во тимот на Барселона.
Мората оваа сезона постигна седум гола на 23 настапи за Јувентус. Професионалната кариера ја започна во Реал, најголемиот ривал на Барселона. Покрај Реал, Јувентус и Атлетико, тој го носеше и дресот на Челзи кој на Реал во 2017 година му плати 66 милиони евра.
Барселона во Мората гледа решение за проблемите во нападот и верува дека со 29-годишниот офанзивец би можеле да постигнат подобри резултати во вториот дел од сезоната и да изборат пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Тимот на Чави заостанува 18 бода зад водечкиот Реал.