Вицешампионот на Англија, Ливерпул подготвува спектакуларен трансфер за зимскиот преоден рок чија цел е Марсело Брозовиќ. Така тврди британски „Мирор“, повикувајќи се на извори блиски до хрватскиот репрезентативец.
„Црвените“ наводно се подготвени да му понудат на Интер огромна сума пари, само за да го доведат 29-годишниот играч од средниот ред на „Енфилд“. Брозовиќ неодамна потпиша нов договор со Интер кој го обврзува до 2026 година. Сепак, тоа не значи дека Интер нема да го продаде доколку добие соодветна понуда.
Барселона, Манчестер Јунајтед и Тотенхем веќе некое време се споменуваат како клубови кои би го сакале Брозовиќ, а реално само Јунајтед е тој кој освен Ливерпул би можел да издвои најмалку 80 милиони евра, што е реална цена за Брозовиќ во овој момент.
Со оглед дека Ливерпул летово не успеа да ги донесе посакуваните засилувања во средниот ред, Јирген Клоп очајно бара играч кој ќе го засили тимот во линијата за врска. Брозовиќ би бил речиси идеално решение.