Ц. Звезда на “Маракана“ во Белград ќе мора да “брка“ три разлика. Резултатот 0:3 од Глазгов е огромна предност за Глазгов Ренџерс, но “црвено – белите“ веруваат во чудо.
Да потсетиме дека поради суспензијата на руските клубови, нема да се игра мечот меѓу Спартак Москва и Лајпциг. Германците се веќе во следната четвртфинална фаза.
Во Лигата на Конференции се чини дека Рома и Лестер нема да имаат големи проблеми за да изборат пласман во четвртфиналето. Тимот на Жозе Мурињо на првиот меч успеа како гостин да го победи холандскиот Витезе, па така вечерва во Рим домашната Рома е голем фаворит.
Лестер гостува кај Рен, но има одлична предност од првиот меч со 2:0, па така и тимот од Премиер-лигата би требало да оди натаму.