Партизан ремизираше со Анортозис 1:1 во 6. коло од Конференциската лига.
Фудбалерите на Партизан како второпласирани од групата Б се пласираа во осминафиналето на Лигата на конференциите .
Партизан успеа да презими во Европа во првото досега одржано натпреварување од Лигата на конференциите, благодарение на одличниот Миловановиќ кој го постигна единствениот гол за црно-белите.
Партизан беше агресивен уште од самиот старт, диктираше темпо и се обидуваше да го загрози голот на Анортозис, а прв се закани Јовиќ во 9. минута.
Најопасната прилика гостите ја имаа во 15. минута кога Делетиќ шутираше, а Поповиќ го спаси Партизан, а пет минути подоцна навивачите на Партизан имаа причина за славење.
Осумнаесетгодишниот напаѓач на Партизан, Марко Миловановиќ, успеа одлично да се снајде во шеснаесетникот и да го постигне својот прв гол во Европа, односно трет во низа во три последователни натпревари.
Се чинеше дека црно-белите успешно ќе го премостат ова полувреме и овој натпревар, а потоа во 33. минута следеше катастрофална грешка на голманот Поповиќ, кој од само нему позната причина истрча и направи пенал .Христодулопулос го реализираше пеналот и донесе израмнување .
Второто полувреме беше некако досадно и без преголеми возбудувања, а Кипраните „покажаа заби“ во 49. минута кога комбинацијата Поповиќ-Делетиќ се закани кон голот на црно-белите.
Урошевиќ беше максимално офанзивен, се закануваше и Миљковиќ кој со центаршути се обиде да го пронајде Миловановиќ, но гостите успешно се бранеа.
Партизан можеше неколку пати да постигне гол од контра напад, но избраниците на Александар Станојевиќ некако секогаш успеваа да се сопнат и да останат без топка.
Се на се, Партизан со ова реми успеа да оди понатаму, пролетта во Европа е обезбедена и црно-белите во понеделник ќе го дознаат името на новиот ривал.