Кошаркарите на Црвена Звезда го совладаа Олимпијакос во Белград со резултат 81:76, во натпреварот од 14. коло на Евролигата.
Избраниците на Дејан Радоњиќ славеа во т.н братско дерби, по голема борба и рамноправен натпревар.
Звезда имаше предност речиси цело прво полувреме, Олимпијакос направи пресврт, за резултатската клацкалка во последната четвртина сепак да оди кај домашните.
Српскиот тим ја оствари втората последователна победа во елитата, вкупно шеста (6-8). Од друга страна, тимот од Пиреја го забележа петтиот пораз во Евролигата (9-5).
Најдобар во победата на Звезда беше Никола Калиниќ со 25 поени, шест асистенции и четири скока. Го следеа Лука Митровиќ со 12 поени и осум скока, Дејан Давидовац со 11 поени и четири асистенции, а Никола Ивановиќ и Нејт Волтерс постигнаа по 10.
Кај Олимпијакос најефикасен беше Тајлер Дорси со 18 поени. Мустафа Фал и Саша Везенков додадоа по 12, кои беа единствените уште двоцифрени.