Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја совладаа Аталанта по пресвртот со 3: 2 (0: 2) во натпреварот од 3.коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Натпреварот беше отворен, со многу изгледни ситуации за двете екипи, кои сепак постигнаа вкупно пет гола во спектакуларен дуел.

Не беше се мед и млеко за Јунајтед на овој натпревар. Тргна многу лошо за тимот на Оле Гунар Солскјер, додека Роналдо беше бесен на соиграчите кога Марио Пашалиќ, а потоа и Мерих Демирал ги постигнаа головите за предност на Аталанта од 0:2. Имаше многу пропусти во одбраната на Јунајтед, во самата поставеност, но кога ја имате напаѓачката моќ што ја имаат „црвените ѓаволи“, тогаш тие не смеат да бидат отпишани.

Бруно Фернандеш и на овој натпревар успеа да ја демонстрира својата класа,  со своите додавања  ги поврза соиграчите, пред се Маркус Рашфорд. Неколку пати се најдоа во офсајд, беа блокирани од Демирал или Мусо, но во 55. минута никој не можеше да направи ништо. Генијалното додавање на Бруно ,Рашфорд го претвори во гол. Нова енергија влезе во тимот, па по бројните шанси, Јунајтед се врати целосно благодарение на Хари Мегваер. И, конечно, кој друг освен Кристијано Роналдо. Тоа беше совршен центаршут на Лук Ша, точно на главата на Португалецот, а такво нешто тој не пропушта за делириум во „Театарот на соништата“.

Бруно запиша две асистенции, а Роналдо засега ја чува „главата“ на Оле.

ВИДЕО

https://www.youtube.com/watch?v=uaQG5TpmPX4