Столе Димитриевски и четврти пат по ред ќе останеше несовладан од фудбалерите на Барселона, но сепак прими гол во финишот од Левандовски кој само го ублажи поразот на 2-1.
Димитриевски немаше примено гол од Барселона на претходните три меча против каталонскиот гигант. Одлично му одеше и на овој натпревар но сепак во 83. минута Левандовски ја затресе неговата мрежа поставувајќи ги конечните 2-1 за Рајо.
Херој на Рајо Ваљекано на овој меч беше Гарсија кој ги постигна и двата гола. Првиот во 19. минута, а вториот по осум минути игра во второто полувреме.
Во другите натпревари од Ла Лига, Селта – Елче 1-0, Хетафе – Алмерија 1-2 и Атлетико Мадрид – Мајорка 3-1.