Португалецот го обвини судијата Марко Гвида, но го искритикува и ВАР.
„Прво морам да кажам дека нивото на фудбалот во Италија е на едно многу повисоко ниво отколку кога прв пат бев тука. Квалитетот на играта и желбата за победа се поголеми, но за жал судиите и ВАР не се. Тој (судијата) грешеше на теренот, а ВАР грешеше каде и да се наоѓаше. Ова е премногу. Лукас Леива заслужи втор жолт картон и исклучување. Нашиот Пелегрини во минатото коло доби црвен картон за истата работа, која денеска ја видовме два или три пати на теренот“, изјави Мурињо пред тв-камерите по мечот.
„Стојам зад своите играчи и бевме подобриот тим. Кога ќе примите три гола, нормално дека нешто не е како што треба, но игравме добро и доминиравме. Го ставивме Лацио на големи маки. Примивме два гола во контра и еден додека чекавме да добиеме пенал. Тие добро ги искористија последните минути од натпреварот, бидејќи судијата тоа им го дозволи“, заврши Португалецот.
Интересно Мурињо не одржа прес-конференција, туку само кратко се појави пред новинарите и проговори на кратко со нив и си замина.