Рајо Валјекано за кој брани нашиот репрезентативец Столе Димитриевски вечера со 3-1 го совлада Кадиз во рамки на 7.коло во Ла Лига.

Алваро Гарсија реализираше во 9.минута за 1-0, а потоа Вараздат Хорајан го матираше Димитриевски за 1-1. Радамел Фалкао со својот трет гол откако дојде во редовите на малиот тим до Мадрид погоди за 2-1. Точка на победата на Рајо стави Исак Палазон во 87.минута.

Тимот од „Валјекас“ е во серија од три победи по ред, а на последните пет средби во Ла Лига има четири победи и само едно реми. Затоа Рајо котира високо на 5.место во Ла Лига со 13 бодови.

https://twitter.com/LaLigaEN/status/1442223726129553413?s=20