Македонија одигра периодично прво полувреме, имаше два позитивни, но и многу технички грешки со кои му дозволивме на Словенците да водат на полувремето во првиот натпревар на Европското првенство во Дебрецин.
Моменталниот резултат гласи 10:13.
Селекторот Лазаров заради повреда не можеше да истрча на теренот и се концентрира на водење на националниот тим. Се одлучи за Ѓорѓиев како среден бек и поддршка од Талевски и Велковски на надворешните позиции. Почна одлично со „бомба“ на Талески и две одбрани на Томовски. Следеа голови на Пешевски и Велковски за 0-3 и брзо користење на играта со човек повеќе (исклучен Благотиншек).
Словенците се разбудија и преку Скубе и Доленец намалија на 2-4. Следеа првите наши технички грешки и за неполни три минути Словенците ја презедоа предноста. Доленец и Благотиншек ја продолжија серијата 6-0 и Словенија во 12. минута веќе водеше со 7-4. Лазаров се обиде со тајм-аут да го разбие ритамот, а го внесе во игра и Филип Кузмановски.
По исклучувањето на Сухолезник, Кузманоски од крило го постигна својот втор погодок, а Филип Кузмановски со „бомба“ спушти на само -1 во 16. минута. Томовски нанижа пет одбрани и во 19. минута израмнивме на 8-8. Следеа брзоплети грешки од двете страни и Цветан Кузманоски и Мартин Велковски со ефектни брзи голови не оставија залепени за Словенците (10-10).
Врањеш повика минута одмор во 24. минута и нашите ривали подобро го завршија првиот дел. Скубе беше инспиратор на подобриот словенечки финиш, кој донесе солидни 13-10 на полувреме. Филип Кузмановски со звукот на сирената донесе ефектен погодок, но австриските судии не го признаа голот, бидејќи е постигнат по истекот на времето.
Македонија играше периодично во првиот дел, но не им дозволи на Словенците да се одлепат и да доминираат како што веројатно очекуваа.