Украинскиот „Бекам“, најдобриот фудбалер на Шахтјор Доњецк, пристигна во Лондон и се претпоставува дека е на завршни преговори со Арсенал. Лидерот на табелата во Премиер – лигата, тимот на Арсенал, сака дополнително да се засили за вториот дел од сезоната, а менаџерот Микел Артета инсистира да го има Мудрик во составот.
Фудбалерот веќе ги договорил личните услови за преселба на „Емирати“, а сега останува двата клуба да најдат заеднички јазик околу отштетата.
Арсенал е подготвен да плати околу 55 милиони евра, Шахтјор бара 5 милиони повеќе, но се очекува разликите да бидат „испеглани“ со клаузули и разни бонуси.