Фудбалерите на Вест Хем дури во четвртото коло од Премиер лигата дојдоа до првата победа во новата сезона, откако попладнево, како гости, по рововска битка минимално ја совладаа Астон Вила (0-1).

Домашниот тим имаше повеќе од играта, заедно со привидна доминација, која не успеа да ја круниса со погодок, за што беше казнет. Стрелец на победоносниот гол за гостите беше Форналс во 74. минута на асистенција на Деклан Рајс. Ова воедно беше и првпат „чеканите“ да ја затресат противничката мрежа во новиот англиски шампионат.