Поранешниот француски првак Лион се спаси од пораз на гостувањето кај Ремс на четири минути пред крајот, а херој е Муса Дембеле кој го даде голот за 1-1 и прв кикс сезонава на екс-шампионот.
Ремс на средина од првиот дел поведе со гол на Ито (24-та минута), но после еден час игра остана со десетмина откако грубиот старт на Лопи му донесе директен црвен картон, но домаќините успеваа да одолеат на нападите и се доведоа на чекор до победа, но не издржаа.
Дембеле кој влезе во игра во 65-та минута после асистенција на Рајан Черки погоди за да не дозволи пораз на Лион, кој со ова реми сега има седум бода од три меча после двете воведни победи во сезоната, па сега дојде на четвртото место, три бода зад моменталните лидери Марсеј и Ланс, а два зад ПСЖ, кој вечерва игра против Монако.
За Ремс ова беше второ реми по ред и втор бод сезонава, па е претпоследен во Лига 1.