Интер извојува тешка победа против Венеција (1-0) на домашен терен во меч од 11. коло од Серија А.

Италијанскиот првак се мачеше на „Џузепе Меаца“, а победата можеше да биде анулирана да не беше по интервенција од ВАР собата, која го поништи израмнувачкиот погодок на гостите буквално во последните секунди од средбата. „Нераѕурите“ ја презедоа иницијативата од самиот старт, но Венеција успеа да ја одржи одбраната на високо ниво. Тимот на Симоне Инѕаги создаваше шанси преку Маркус Турам и Хенрик Михтарјан, додека на спротивната страна, најголемата закана ја донесе Ористанио. На почетокот од второто полувреме, Михтарјан го пронајде патот до мрежата, но ВАР го поништи голот поради офсајд.

 

Федерико Димарко во 65. минута му асистираше на Лаутаро Мартинез за единствениот гол на натпреварот, откако капитенот на Интер ја прими топката на втората статива и со глава ја смести во противничката мрежа. До крајот, темпото на игра забави, но ситуацијата ескалираше длабоко во судиското продолжение. Во 98. минута, по дуелот меѓу Марин Шверко и Јан Бисек, топката заврши во мрежата на Интер, но ВАР сигнализираше игра со рака од страна на Шверко и голот беше поништен.

 

Миланезите со оваа победа дојдоа до 24 бода и второто место на табелата, само еден бод зад лидерот Наполи, кој неочекувано беше демолиран дома од Аталанта (0-3).