Дарко Додев, напаѓачот на Брегалница ќе го памети, вчерашниот меч во Струмица против Академија Пандев. Тој меч за него беше 100-ти во ПМФЛ, а во второто полувреме постигна ретко убав гол, фантастичен гол за 1:1, на крајот штипјани победија со 1:2.
Додев за клупскиот сајт на Брегалница истакна:
„Секако дека со задоволство ќе се сеќавам на тој гол, според мене тоа е мојот најубав гол во досегашната кариера. И сето тоа на стотиот јубилеен настап во ПМФЛ“ вели Додев.
Сепак тој потенцира дека најважно е Брегалница да победува:
„Да, најважно е Брегалница да победува. Комплетно ја надигравме домашната екипа на А. Пандев. Во текот на целиот меч бевме подобри и заслужено победивме. Можевме и поубедливо, но најважни се трите бода освоени на гости кај екипа која ова лето ја претставуваше Македонија на евро-сцената“ .