Гостите преку Анџело Фулџини и Набил Бенталеб набрзина дојдоа до убедлива предност. Домашниот тим исто така многу брзо одговори и преку Аркадиуш Милик и Жерсон дојде до израмнување на 2-2 веќе во 21.минута.
Гол-шоуто на домашните почна во 70.минута, кога Милик го најави својот хет-трик и му донесе предност на домашниот тим. Полјакот погоди за 4-2 во 78.минута, а Џенгис Ундер ја запечати убедливата победа на Олимпик од 5-2 во 85.минута.