Фудбалерите на Манчестер Јунајтед повторно ги разочараа своите навивачи. „Црвените ѓаволи“ одиграа 1:1 со Саутемптон на „Олд Трафорд“ и со тоа освоија само еден бод.

Јунајтед поведе со голот на Џејдон Санчо во првото полувреме, а конечниот резултат го постави Че Адамс на почетокот на вториот дел од натпреварот.

Во сивилото на домашниот тим беше и стоперот Хари Мекгваер, кој повторно е „криминалец“ на теренот. Младиот играч на Саутемптон Армандо Броја му правеше сериозни проблеми во текот на целиот натпревар, а во самиот финиш од мечот со еден дриблинг успеа да го “шашардиса”.

https://twitter.com/aaaaaaamineyy/status/1492543501971644423?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1492543501971644423%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fsport%2Ffudbal%2F3870979%2Fhari-megvajer-mancester-junajted-stoper-kapiten-kiks-sautempton-premijer-liga

Мекгваер се обиде да го спречи Нубер, но тој не можеше. Изнервиран во продолжението на акцијата направи прекршок за црвен картон, но за негова среќа судиите не реагираа.

Играчот за кој Манчестер издвои неверојатни 90 милиони евра во 2019 година е предмет на потсмев на социјалните мрежи. Шегите за него го преплавија Твитер, а цел Остров зборува за неговите грешки.

https://twitter.com/FootballFunnnys/status/1492506032341458946?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1492506032341458946%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fsport%2Ffudbal%2F3870979%2Fhari-megvajer-mancester-junajted-stoper-kapiten-kiks-sautempton-premijer-liga