Македонскиот репрезентативец Валон Етеми ја донесе победата на Истанбулспор против лидерот Анкарагучу во втората лига на Турција. Истанбулспор победи со 1:0 по еден контра напад кој успешно го заврши Етеми.

Интересно, гостите имаа и два играчи помалку но издржаа и ги освоија бодовите. Ова е четврти гол на Етеми сезонава во втората турска лига, а Истанбулспор е на петтото место на табелата и има реални шанси за пласирање еден ранг погоре во Турската Супер лига.

Standings provided by SofaScore LiveScore