И покрај тоа што Макс Верстапен има осум поени предност пред Луис Хамилтон со две Гран При преостанати во 2021 година, Ралф Шумахер не верува дека Макс има шанси да го победи Британецот и да стигне до титулата светски шампион во Формула 1.
5 и 12 декември ќе бидат решавачките датуми во Саудиска Арабија и Абу Даби за да се одлучат победникот, но увереноста на Мерцедес дека Хамилтон ќе ја заврши работата е онаа што ја дели и Шумахер.
„Мерцедес има многу подобар болид во моментов“, изјави Шумахер за Sky Sports Germany.
„Макс дава се од себе и покажува колку е добар. Можеби под нормални околности можеше да победи, но вака нема шанси“.
Шумахер продолжи да го изразува своето мислење дека среќата не била на страната на Верстапен. Да беше, тогаш тој досега ќе го освоеше првото светско првенство.