Манчестер Јунајтед утре ќе му пречека Јанг Бојс. Натпреварот од 6. коло од групната фаза на Лигата на шампионите е закажан за 21 часот.
Тимот од „Театарот на соништата“ на прес конференција го претставуваа новиот менаџер Ралф Рангник и Немања Матиќ. Новиот тренер на Јунајтед одлучи Србинот да ја носи капитенската лента на натпреварот против тимот од Швајцарија.
Јасно е дека првиот капитен на тимот Хари Мекгваер ќе го пропушти натпреварот. Матиќ не можеше да го сокрие задоволството, па гордо зборуваше за улогата на капитен што му беше доделена.
– Можеби сонував да играм во српската Суперлига, можеби за Црвена звезда, а сега сум во Јунајтед. Ова е како сон. Јас сум горд. Сите ленти ги носам дома, а оваа ќе биде врамена – изјави поранешниот српски репрезентативец.