Хрватската ватерполо репрезентација ремизираше 5:5 против Грција, а тој бод беше доволен за прво место и директен пласман во четвртфиналето.
Пред овој меч беше јасно дека на Хрватска и е доволен бод за првото место, но Ивица Туцак бараше победа. На крајот мораше да се задоволи со нерешено 5:5, Грците на крајот можеа да победат, но не беа прецизни.
Ова не е првпат натпреварот меѓу Хрвцатска и Грција да биде толку неизвесен, со малку голови и со многу добри одбрани и голмани. Но, тешко е да се запамети кога последен пат Хрватска заврши едно полувреме без да постигне ниту еден гол.
Токму тоа се случи во првото полувреме од овој натпревар. Хрватска не најде начин да ја пробие одбраната на Грција, која на полувремето поведе со 2:0 со головите на Генидунијас и Влахопулос.
Во вториот дел Хрватска започна подобро и благодарение на Жувела и Врлиќ израмни на 2:2, Грците уште еднаш поведоа, но Харков погои за 3:3 пред последните осум минути.
Таму Хрватска првпат поведе на мечот со голот на Јерко Мариниќ Крагиќ, за Грците да одговорат со пресврт.
Рино Буриќ со гол на три минути пред крајот обезбеди бод за Хрватска за конечни 5:5.
Грците имаа голема шанса за победа во последната минута, но најпрвин Бијач го одбрани ударот на Дервисис, а потоа Генидунијас шутираше непрецизно.
Грците одат во осминафиналето каде ќе играат против Израел, а подобриот од тој меч оди на Шпанија во четврт-финалето. Хрватска е директно во четврт-финалето и го чека подобриот од дуелот Холандија – Грузија.
Европско првенство, група Б, трето коло:
Грција – Хрватска 5:5