Раководството на Тотенхем се вклучува во трката за бразилскиот крилен напаѓач на Ајакс, Ентони. Досега Манчестер Јунајтед важеше за главен фаворит за неговиот потпис, но сега Антонио Конте го сака во Лондон.

Тотенхем веќе преговара со Ајакс за продажба на Стивен Бергвајн. Антонио Конте се обратил до раководството со идејата дека треба да се сменат условите и раководните луѓе да излезат со контрапонуда, во која би бил вклучен холандскиот крилен напаѓач, плус пари, за Ентони.

Тотенхем веќе ги привлече Иван Перишиќ од Интер и Ив Бисума од Брајтон, но планираат да останат активни на трансфер пазарот со уште неколку нови имиња.