Голема желба на новите сопственици е да се остане во елитата, поради што зимава се бараат квалитетни засилувања за кои не се жалат пари. Според португалските медиуми, челниците на Њукасл веќе понудиле дури 60 милиони евра за напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњес.
Станува збор за 22-годишен репрезентативец на Уругвај, кој игра во одлична форма и кој со 13 погодоци во моментов е прв стрелец во португалското првенство.